„Златна трига“ за Павилјонот на Северна Македонија на Прашкото квадриенале 2019

Павилјонот на Република Северна Македонија со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на вчерашното доделување на наградите на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор ја доби главната награда „Златна трига“, што се доделува за најдобра изложба и претставување на оваа манифестација.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е дело на уметникот Филип Јовановски и кураторката Ивана Васева, продуцирано од Музеј на Град Скопје и неговата директорка Фросина Зафировска и беше во конкуренција со 79 земји од светот.

Интернационалното жири гласаше во широк спектар на категории, вклучувајќи изложбено искуство, најветувачки студент талент, најдобар кураторски концепт или награда за животно дело – вкупно 28 награди. Жирито на Прашкото квадриенале во 2019 година се состоеше од Дорита Хана, Тим Фостер, Џим Клејбург, Лиу Ксинглин, Софија Пантуваки, Роберт Капловиц, Јарон Абулафија, Содја Лоткер, Омар Рајех, Моника Раја и Кејт Бејли. Наградата ја дизајнираше архитект Петр Бакош. Според статутот на ПК, наградите ги доделува министерот за култура на Чешката Република по препорака на меѓународното жири, со исклучок на ПК Младинска награда, која директно ја доделува младинската публика.

– Оваа изложба е повеќеслојна заедничка работа која ги спојува многуте форми на сценографии: простор, сцена, изложба, меморија, заедница и комуникација. Тоа покажува како перформансите активираат изложбен простор, како дизајнот поттикнува наратив и сценографијата станува активизам во и надвор од политичкиот контекст. Златната трига оди кај Република Северна Македонија, се вели во објаснувањето на жирито за престижната награда за „Оваа зграда зборува (на)вистина“.

Павилјонот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони“ и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео „Кино Култура“ кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

Публикацијата за овој проект, уредена од Ивана Васева и Филип Јовановски, претставува зборник од текстови на неколку истакнати автори од областа на визуелните уметности, перформансот, театарот, архитектурата и културните политики, како Биљана Тануровска Ќулавковски, Борис Бакал, Оливер Фрљиќ, Ана Виленица, кураторски текст на Ивана Васева, осврт на сите активности од иницијатвата „Кога зградите би зборувале“ на Филип Јовановски, интервју со Кристина Леловац, текст за архитектурата на Железничка зграда од Томе Димитриевски, како и анкета со жителите на Железничка зграда спроведена од организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“ во соработка со Симона Димковска, Марија Гелмановска и Јана Кастратовиќ.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор е основано во 1967 година со идеја да се прикаже најдоброто од перформанс дизајнот, сценографијата и театарската архитектура како значаен дел од културните активности кои треба да бидат искусени од професионалните и младите уметници, како и пошироката јавност.


Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]

Вести

Анкета: Граѓаните поделени околу општиот впечаток за работата на Владата

Повеќе од половина од граѓаните или 51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат работата, покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за […]

Вести

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии. Заев појасни дека согласно овлатувастувањата со […]