
Делчевското роднокрајно творештво доби уште едно големо признание. За учеството со свое поетско дело на литературниот фестивал „Литератопија“ делчевската поетеса Билјана Начовски освои Златна плакета.
-На фестивалот учествував со сонетен венец и магистрал со акростих кој ми донесе Златна плакета. Иако имам добивано и други награди ова е мојот најголем предизвик до сега во пишување. Делото содржи 14 сонети, како и еден магистрал со акростих, истакна Начовски.
Ова е прва нејзина награда од Литературниот фестивал Литератопија 2022 кој годинава го имаше своето второ издание.
Делчевскиот роднокраен автор досега има напишано неколку стихозбирки, меѓу нив и делата „Градот“ „Акорди на моето срце“ и „Сила што ќе напише“.