Започна меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“


Започна меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ - МИА

Гостивар, 8 август 2020 () – Во присуство на десетина млади ликовни уметници и организаторите од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ синоќа беше означен почетокот на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2020.

Годинашното петнаесетто издание има најмногу учесници, но поради пандемијата поголемиот дел своите дела ќе ги творат во домашни услови. Помладите уметници, од вчера и наредниве три дена ќе творат во хотелот „Панорама“ во близина на Гостивар

Претседателот на здружението „Драудакум“, Решат Амети, рече дека уметничката колонија е голема вредност за градот Гостивар, па затоа решиле оваа година да ја одржат покрај условите кои ги наметна пандемијата.

Претставниците на локалната самоуправа, Имрлије Салиу и Министерството за култура, Афан Елези ја поздравија иницијативата и најавија дека ќе продолжат со поддршката на манифестацијата.

Годинава на колонијата учествуваат 70 уметници од целиот свет кои делата ќе ги творат во нивните ателјеа и од дома. По завршување, ќе се организира групна изложба.

Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*