„Зад Македониумот“ – изложба во претседателскиот Кабинет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изложба насловена „Зад Македониумот“ ќе биде отворена попладне од 17 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.




На изложбата ќе бидат престатвени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Македониумот во Крушево, еден од нашите најпознати споменични обележја.

Изложбата во Кабинетот на Претседателот е организирана по повод одбележувањето 31 година независна македонска држава.

За широката јавност изложбата ќе биде достапна за посета преку платформата Отворен Кабинет, од 22 до 30 септември 2022.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: