Во Велес отворена изложба на академскиот сликар Гордана Винчиќ


Во  Ликовен салон во Велес, синоќа беше отворена изложба  на слики „Женски муабети“  од   Гордана Винчиќ, академски сликар  од Скопје. На изложбата  на која на Винчиќ првпат и е во Велес се претставува со 30- тина дела.

Таа појасни  дека централен лик во нејзините дела е жената. Женските муабети како посебно мистични секогаш биле внимание посебно на спротивниот пол и таа преку своите слики сака да издвои дел од тие женски муабети, а на кои таа присуствувала и појасни дека таа твори создава дела вистински случки  преку дружба.

Таа потенцира  нејзините дела самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, а главниот поттик и е фасцинираноста од подсвесното знаење и мудрост кои сeкoj чoвeк ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа.

Гордана Винчиќ е родена 1971 во Скопје, а живее и твори во Малме, Шведска. Во 1998 година завршува студии за социјална работа и политика при реномираниот универзитет Лунд. Големо влијание врз творештвото на Гордана имаат нејзините родители, нејзината мајка која како ликовен уметник и историчар на уметноста, уште од мали нозе и ги всадила корените и тајните на сликарството, а татко е археолог.

Винчиќ има учествувано на 30-тина групни изложби и  дваесетина самостојни изложби, меѓу кои една од позначајните е изложбата „Transitions“ во музејот на „Puskinska 10“ во Санкт Петерсбург во 2015 година.

Таа има создавано и изложувано дела во Франција, Шведска, Англија, Русија, Турција, Албанија, Бугарија и земјава.

Нејзиниот колега и уметник Игор Љубовчевски, кој и е куратор на изложбата за Гордана појаснува дека е неуморна во создавање на нејзините дела.

-Нејзините дела се карактеристични по тоа што се со силен експресивен цртеж, кој е најдоминантен, експресивна линија има свои субјективни трансформации на ликовите и не робува на анатомијата, појасни Љубовчевски.

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]

Вести

ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на Законот за јазиците, партиите на Албанците против негова измена

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека многу скоро ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците, со кои, како што велат од партијата, ќе значат негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија. Претседателот на […]

Вести

Илиевски најави кривична за Инспекцискиот совет зашто не постапил по одлуката на Антикорупциска

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката […]