Во Велес ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“



Во Велес ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“ - МИА

Велес, 16 септември 2020 () – Во организација на Општина Велес, од 9 до 22 октомври ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“, со која ќе координира професорот Илко Стојановски, кој ќе го направи и изборот на учесниците. Како што информира градоначалникот Аце Коцевски на колонијата,  како и лани, учесниците ќе работат со рециклиран материјал со отпадно железо, метал дрво и мермер.

Тој појасни дека поради актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19, учесниците ќе творат во своите ателјеа, а од страна на општината ќе им бидат обезбедени работните материјали, превозот на делата и се што им е потребно.

Коцевски најави дека создадените дела планираат да бидат изложени по повод празникот на градот 9 – ти Ноември.

Инаку, делата-скулптури во железо и мермер од првата Скулпторска колонија „Велес 2019“, Општина Велес трајно ги постави на неколку јавни површини во градот и тоа во Младинскиот парк и паркот во кругот на Офицерски дом, а наспроти велешкиот театар.

Целта беше во нивната убавина да уживаат сите граѓани и посетители и туристи на Велес и тие да прераснат во своевидна атракција на градот.


Вести

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом […]

Вести

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

– Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина […]

Вести

ДЗР: Дел од надоместоците кои ги земале СЈО не се во согласност со законската регулатива

– Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*