Во Велес денеска почнуваат 57-те Рацинови средби


– Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржи програмата на 57-те Рацинови средби, која првпат почнува со Меѓународна конференција претпладнево во 10 часот.

Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е посветена на „Седумдесет и пет години современ македонски јазик, азбука и правопис“. Програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски во издание на „Полица“.

На втората сесија ќе се говори за „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски“.

Потоа ќе се одржи промоција на зборниците од меѓународните научни конференции одржани во рамките на Рациновите средби,а ќе ги промовира професорот Људмил Спасов. Организатори на овие настани се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес како организатор на Рациновите средби.

Традиционалното положување цвеќе на спомениците на Рацин е поместено за денеска попладне во 17 часот, а ќе се одржи и Поетски перформанс со настап на членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес..

Во тие рамки ќе се изврши и традиционалното засадување на садници во „Шумата на Рацин“ кај Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците од 1979 година почива и Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на 57-те Рацинови средби е закажано за вечер во 18:30 во Амфитеатарот на Младинскиот парк, каде традиционалната Беседа за Рацин годинава ќе ја одржи професорот Васил Тоциновски, а потоа и Меѓународниот поетски митинг.

Програмата за првиот ден ќе биде заокружена со концерт на групата „Синтезис“ на сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, а организаторите најавуваат дека строго ќе ги почитуваат сите протоколи за заштита од Ковид-19.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*