Во Свети Николе отворена изложбата „Билазора“

Во Народниот музеј во Свети Николе синоќа беше отворена изложбата „Билазора“ постојана поставка на која се претставени над 200 артефакти, предмети кои потекнуваат од акрополот односно припилонот и владетелската палата кои датираат од 5 и 4 век п.н.е.

Станува збор за Билазор,а пајонскиот град од рана антика од локалитетот Градиште во село Кнежје на околу  четири километри од Свети Николе.

Прeтставени  се репрезентативни примероци на пајонската керамика, предмети од железо и сребро, ,орудија и оружја, култни предмети, монети, архитетонски елементи. Посебно место на изложбата има дијарама-макета на самиот локалитет во размер 1:100 на која е претставен  акрополот, како и делумна реконструкција на палатата врз основа на пронајдените артефакти. Таа е дело на академскиот вајар Димче Димески, кој му ја поклони на музејот.

Директорот на Народниот музеј од Свети Николе, Александар Данев вели дека станува збор за локалитет за кој се смета дека бил главен град на Пајонците од раната антика, кој се протегал на  површина од околу 30 хектари и егзистирал од од 7 до 2 век п.н.е, а најголем подем имало во 5 и 4 век п.н.е.

Изложбата е резултат на систематски континуирани истражувања од 2008 до 2018, иако локалитетот се истражува уште од 1994 година.

– Целта беше да се открие она што е горе во акрополот и во креиран проект за конзервација на Владетелската палата каде што има интенција на поголеми оштетувања. Но, сега имаме направено превентивна заштита во координација со Управата за заштита на културното наследство, а  ќе  се поднесе процес за експропријација на три парцели кои се на самиот акропол при што ќе се заокружи тој процес.Тоа ќе ни овозможи преку тој  проект да се аплицира за средства со кои ќе се направи конзервација со заштита и можност истиот квалитет да се презентира на домашната и светска јавност, рече Данев на отворањето.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов најави дека ќе вложат напори  да се обезбедат финансиски средства за понатамошно истражување и заштита на локалитетот со цел тој да стане значаен локалитет кој ќе привлекува голем број посетители.

– Наша интенција ќе биде културните институции кои се задолжени за вакви импозантни изложби да бидат  финансиски и административно поддржани од Министертвото за култура и од Управата за заштита на културното наследство со цел да можат понатаму да ги продолжат истражувањата и да извршат конзервација на останатите артефакти и тие понатаму да ги претстават пред јавноста, рече Костов, додавајќи дека како Управа ќе алармираат до надлежните институции да се превземат мерки за заштита на локалитетот.

Истражувањата на Билазора на Народниот музеј од Свети Николе се дел од соработката со Тексашката-УСА фондација за археолошки и историски истражувања и Институтот за археологија и историја на уметноста при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, општина Свети Николе и донатори. 

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]