Во Струмица почна „Караванот на книгата“



Во Струмица почна годинашниов „Караван на книгата“ во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица и Издавачкиот центар „ТРИ“ од Скопје.


 

– Сите кои не биле на Саемот на книга во Скопје сега имаат можност да си ја купат својата омилена книга. Ние како библиотека го поддржуваме овој Караван на книгата и повеќе години заедно со Издававачкиот центар „ТРИ“ го организираме, изјави Тања Гошева, директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Од издавачот „ТРИ“ од Скопје информираат дека имаат изложено книги од најразлични жанрови, а веќе на првиот ден од одржувањето на манифестацијата струмични покажале голем интерес за понудените наслови.

– Имаме повеќе наслови кои се барани од читателите, како што се „Пат кон долговечноста“ од доктор Митов, потоа новата книга од хрватскиот писател и мотиватор Бруно Шилеша-„Школа на животот“, новата книга од Ана Јанковска „Ехо на слободата“, но и други наслови. Овие книги се наши предлози и читателите нека повелат да си одберат, рече Андреја Марковски од Издавачкиот центар „ТРИ“ од Скопје.

„Караванот на книгата“ завршува в сабота и ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот.