Во Штип се одржува Интернационален танцов натпревар

tancov natprevar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Центарот за култура „ Ацо Шопов” денеска се одржува третиот Интернационален танцов натпревар, на кој учествуваат над 1.000 талентирани деца од земјата. Различни кореографии можеа да се видат на големата сцена во текот на целодневната програма која ја подготвија организаторите, а кои се задоволни од реализацијата и текот на натпреварот.

-Оваа година имаме над 1000 учесници, веќе започна натпреварот, ќе трае сѐ до вечерните часови, до 21 часот. Сите танчери се спремни и сѐ оди во најдобар ред. Имаме 16 клубови, имаме танчери од Скопје, од Пробиштип, Велес, Куманово, Кавадарци, Прилеп, Штип, Кочани итн. Битно е за танчерите да го почувствуваат овој натпреварувачки дух и да се покажат во најдобро светло со сето она што го имаат научено во текот на целата година, вели организаторката Ана Марија Габроска.


Зад сцената учесниците не го криеја задоволството што се дел од еден вака организиран настан. Оние кои се првпат во Штип, пак, имаа само пофални зборови за натпреварот и градот.

Натпреварувачите се поделени според возрасна категорија, најмалите се четири години, а најголемите над 18 години. Сите танчери добиваат медали, пехари и дипломи, а најдобрите групи влегуваат во Гала вечерта и се борат за парична награда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK