Во руското списание „Переводчик” објавена поезија на Матеја Матевски



Во руското списание „Переводчик” објавена поезија на Матеја Матевски - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Деновиве во Москва беше обjавен 20-от броj на списанието „Переводчик”, во кој беше претставена поезиjата на великанот на македонската книжевност Матеја Матевски.

Ова списание постои во Русија веќе 20 години со цел да ги запознава љубителите на пишаниот збор со најдобрите дела на странски писатели во превод на руски, играјќи ја улогата на „златна“ алка што ги поврзува јазиците, културите и народите на планетава.

Во овој број е претставена поезиjата на великанот на македонската книжевност Матеја Матевски во избор на Олга Панкина, преведувач и познат популаризатор на македонската литература во Русија. Таа напиша и кратка белешка за авторот. За списанието одбра 11 песни на Матевски – неколку стари, добро познати како што „Дождови“ и „Залез“, и неколку од поновите – „Црни бродови“, „Црна кула“, „Некаде sвони“.

Значајно е што песните на македонскиот поет се објавени токму наспроти прославата на Денот на словенската писменост и култура кој нашироко се одбележува во Русија. ир/


Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]