Во Рим со концерт на млади уметници започна културната програма во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“

koncert_#453534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Со концерт на младите и талентирани уметници Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело, ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, во  салата Балдини, вчера во Рим започна културната програма во рамки на  традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.

На концертот, на кој присуствуваа и членовите на македонско-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, пред публиката Златев и Дрмач, исполнија композици од Шопен и Брамс.


Пред концертот, за мисијата и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј,  говореше директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, д-р Елена Јованова-Грујовска.

Во своето обраќање Јованова-Грујовска истакна дека Кирил и Методиј се сестрани просветители, мисионери, духовни отци и чудотворци што дванаесет века се меѓу народот и дека тие нѐ научија на себепочитување, но и на прифаќање на различностите и респектирање на правата на сите.

– Се поклонуваме пред делото на светите Кирил и Методиј, рамноапостолите што во далечниот IX век со труд и дело им се спротиставиле на тријазичниците и го издигнале (старо)словенскиот јазик на ниво на богослужбен јазик (заедно со хебрејскиот, грчкиот и латинскиот). Со тоа, словенскиот јазик го зазел местото меѓу библиските јазици уште во IX век. Светите браќа Кирил и Методиј му ја подарија на народот глаголицата, како писмо засновано на говорите од македонското словенско население од околината на градот Солун, кое е четвртото благословено писмо за читање на Библијата и светите христијански книги. Во македонската средина, особено во Охридската книжевна школа, глаголицата се штити и се користи во ракописните текстови долго време, пред прифаќањето на кирилицата, истакна Јованова-Грујовска.

Присутните ги поздрави и амбасадорката во Светата столица, Марија Ефремова. дма/цр

Фото:Министерство за култура

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK