Во Њујорк групна изложба на македонски уметници „Пиперка“


Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA) денеска официјално ќе биде отворена групна изложба со наслов „Пиперка“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на тројцата македонски уметници: Решат Амети, Сергеј Андреевски и Емил Шулајковски, а нивни гости ќе бидат уште седуммина уметници: Памела Тол, Гејл Тастин, Ерика Харис и Кејт Синклер од САД; Мариа Павловска и Роберт Дандаров – македонски уметници кои живеат и творат во САД и Воскресија Андреевска која воедно е и дизајнер на плакатот.

– Пиперката е производ што доминира во македонската кујна. Присутна е како основна храна и како додаток на јадењето, зачин. Блага, малку лута и лута – токму онаква каков што е и животот што денес сите ние го живееме. И гостите уметници од САД имале можност да ја вкусат нашата пиперка, а покрај неа и нашата култура. Но, сите тие, и во својата земја, на различни начини се соочуваат со лутината на пиперката, на животот!, изјави Сергеј Андреевски, куратор на проектот.

Изложбата ќе биде отворена до 28 мај.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Бизнис

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ се уште во тек

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец. Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали […]

Бизнис

„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции. Од Здружението побараа […]

Вести

Ново рочиште за „Талир“, Илија Димовски побара одлагање

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. На почетокот на судењето обвинетиот […]