Во македонскиот културно-информативен центар во Софија отворена изложба на графичари од Тетово

izlozba-na-graficari
Facebook
Twitter
LinkedIn

Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, синоќа беше отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графици на младите автори Берат Бекири, Астрит Реџепи и Улбер Даути, јави дописникот на МИА од Софија.




На отворањето на изложбата се обрати и заменик-амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија Владимир Крстевски.

Младите автори од Тетово за првпат се претставуваат пред публиката во Софија. Директорот на КИЦ во Софија Сашко Насев рече дека изложбата ќе и даде можност на бугарската публика и познавачите на графиката и културата, да се запознаат со нивната уметност.

Меѓу изложените графики има и дигитални графики и нивните творби заемно се надополнуваат, а за тоа зборува и насловот на изложбата за трансформираната реалност во која, освен природни форми, се гледаат и стари градски симболи што ја покажуваат убавината на едно минато.

Берат Бекири, за МИА изјави дека дошле на изложбата во Бугарија, за да го покажат Тетово и неговите културни симболи, со цел да не бидат заборавени туку преку културата да се ревитализираат.

Бекири рече дека графичката уметност денес повторно станува популарна меѓу луѓето и им дава можност на нејзините љубители да проникнат во минатото, но и да гледаат нанапред кон иднината.

Тројцата уметници имаа и свои индивидуални изложби во повеќе градови како во Северна Македонија, така и во Косово, Албанија и Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: