Во Кисела Вода се одржа Франкофонска вечер


По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата во Кисела Вода се одржа франкофонска вечер, насловена „На француски, ве молам“, при што ученици од повеќе скопски основни училишта пред присутните изведоа прекрасни бројни ритмички и музички точки, интерпретираа познати француски шансони, а читаа и литературни дела на француски јазик, соопштија од Општина Кисела Вода.

Културната манифестација ја проследија и градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние, и јазичното аташе за развој на францускиот јазик при Францускиот институт во Скопје, Љупка Димова. 

Нашата држава на 28 септември, 2006 година, за време на Самитот на Франкофонијата што се одржа во Букурешт, Романија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата. Франкофонијата ги застапува вредностите кои соодвествуваат со европските определби: залагање за мир во светот, човекови права, демократија, поддршка на образованието, науката и истражувањето, млади и спорт, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност. 

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]