Во Кан годинава нема фестивал, туку широк избор на филмови што добија лого „Кан 2020“


Во Кан годинава нема фестивал, туку широк избор на филмови што добија лого „Кан 2020“ - МИА

Париз, 4 јуни 2020 () – Околу 56 играни филмови ќе се појават во киносалите во наредните месеци со логото на Кан 2020Официјална селекција, јави дописникот на .

Канскиот филмски фестивал не се одржа, да живее Канскиот филмски фестивал! Десет дена по датумот на кој требаше да се додели Златната палма за своето 73-то издание, фестивалот воведува иновации. Неговиот директор, Тиер Фремо, уште на почетокот на здравствената криза не се откажа од одржувањето на фестивалот, но не сакаше ниту фестивал на „попуст“, па ниту дигитална верзија со проекции на мали екрани. Тој постојано инсистираше на важноста да се понуди видливост на филмовите што требаше да се најадат на фестивалот.  Комисијата за селекција доби 2067 филмови оваа година, што претставува рекорд.

Со развојот на кризата со Ковид-19,  се роди идејата за логото „Кан 2020“, која 56 филмови ќе можат да ја искористат со сите предности за време на нивната експлоатација.

Некои од филмовите се очекуваа на овој или друг начин во Кан, и не претставува изненадување што тие се најдоа во оваа виртуелна селекција. Комплетната листа на филмови што ја добија етикетата „Кан 2020 – офицјална селекција“ можат да се најдат на следниов линк.https://www.festival-cannes.com/fr/infos-communiques/communique/articles/les-films-de-la-selection-officielle-2020.

 


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]