Во Битола отворена изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“


НУ Центар за култура-Битола ја промовираше 44. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, културен настан со најголема традиција во државава.

Изложбата ја отвори директорката на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска-Илијевски која истакна дека публиката во овој град ќе може да погледне 64 ликовни колекции со 630 детски творби.

– Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност и се помагични. Детската ликовна изложба е поттик да инспирираме, да наградиме, да се запознаеме и да оставиме нешто трајно. Радоста е голема бидејќи Центарот за култура се исполни со над ликовни творби од цела држава, радоста е голема затоа што од година во година бројот на учесници се зголемува и затоа што детската изложба инспирирана од народното творештво стана препознатлив знак за месецот мај во НУ Центар за култура-Битола, посочи Андоновска Илијевски.

Според востановената традиција, на дел од учесниците им беа доделени специјални награди, награди за најдобри колекции и 36 поединечни награди за најуспешни ликовни творби на изложбата.

-Тенденцијата да се поттикне и насочи младите генерации да се запознаат со народната култура за да создаваат дела инспирирани од традицијата но во духот на секојдневието предизвикува голем интерес и творечки порив. Преку реализацијата на изложбата, илјадници деца, ученици ширум нашата татковина, заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетитот народен мозаик. Токму таа активност, истражувањето, инспирацијата и креацијата, обезбедуваат континуитет на долгата културна традиција, нагласи м-р Валентин Соклевски, стручен соработник во НУ Центар за култура-Битола.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура.


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]