Вистинскиот победник на филмските фестивали


Од Оскарите до Канскиот Филмски Фестивал, од славните актери до дебитантските режисери, светот на филмот е големо платно кое што го сликаат многу учесници. На крај, резултат е филмот за кој што само некои од нив ќе добијат награди и признанија.

Но, прашањето е, кој е всушност вистинскиот победник на филмските фестивали?

Критичарите не секогаш се согласни дека наградите претставуваат консензус за кинематографските постигнувања. Не секој секогаш го цени квалитетот и посебноста на делата и личностите според еден критериум кој што за секоја индивидуа е различен.

КИНЕНОВА оваа година ги премина сите ограничувања и со најамбициозната програма до сега стигна до секој дом и гледач преку телевизискиот сигнал на ТВ24. Реакциите за програмата не запираат, а се наближува и времето за крајот на официјалниот дел од фестивалот и доделувањето на наградите за најдобрите филмови, доделени од двете меѓународни жирија составени од врвни светски филмски професионалци.

Меѓународниот Филмски фестивал КИНЕНОВА 2020 ќе додели награди во следниве програмски секции: МЕЃУНАРОДНА КОНКУРЕНЦИЈА која е составена од први или втори долгометражни филмови на режисери од цел свет;  Меѓународна конкуренција на куси филмови и Натпреварувачка програма на македонски куси филмови.

Како што веќе целата јавност знае, овогодишен добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на КИНЕНОВА 2020 е харизматичната ексјугословенска и европска филмска дива Бранка Катиќ.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*