Викенд на француски филмови во Крива Паланка

kp film
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Mладите од Крива Паланка и Североисточниот регион, денеска и утре ќе имаат можност да проследат бесплатни проекции на француски филмови од колекцијата на Францускиот институт во Скопје.

-За крај на учебната година, ние, професорите по француски јазик заедно со учениците, во период од 25 до 27 мај, во неколку градови низ државата, предлагаме француски филмски викенд проекции на три филма за млади, дел од колекцијата на Францускиот институт во Скопје. Во Крива Паланка, вечерва во кино салата при Национална установа  Центар за култура со почеток во 19 часот се прикажува „Дамиен сака да го менува светот”, а утре  следува проекција на „Што велиме, што правиме”, во просториите на Европската куќа во Крива Паланка, исто така од 19 часот, информира професорката Елена Николовска, иницијатор за прикажување на филмовите во Крива Паланка.


Николовска упати благодарност до Француската амбасада во Скопје, Францускиот институт- Скопје, НУ Центар за култура Крива Паланка, Eвропската куќа, како и средните училишта „Св.Јоаким Крчовски”  и СОУ „Ѓорче Петров” за соработката и организацијата на овој филмски викенд.

Истовремено, француски филмови ќе бидат прикажани и во повеќе градови во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK