Вечер со гитари на „Охридско лето“ со квартетот „Апеирон“


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на квартетот на гитари „Апеирон“, составен од уметниците Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано.

Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот квартет „Апеирон“ ја изведува својата концертна активност со цел да го открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој ансамбл.

Носејќи го овој проект напред, „Апеирон“ има воспоставено неколку значајни соработки, вклучувајќи ја и работата со Иван Шуран, Маркос Винициус, Дејвид Досет, Даниел Кеснер, Дезмонд Кларк и Пол Мортила. Во 2013 година, тие учествуваа на XXVI гитарски конгрес во Санремо, Италија. Во следната 2014 и 2015 година, како резидентен квартет (quartet in residence), ја изведоа премиерата на дваесетина музички композиции на „Highscore Music Festival“ во Павија, каде што почесни гости беа Стивен Макеј и Хелмут Лахенман.

Квартетот има настапувано во Италија (Вила Манин ди Пасариано, на Меѓународниот фестивал „Nei suoni dei luoghi”, во замокот Мирамаре во Трст, Концертен преглед „Енрико Меркалали”, Асоцијација „Мауро Џулијани“, Гориција, на фестивалот „Nuovi Spazi Musicali” во Асколи) и во странство (Чешка, Романија, Хрватска, Словенија и Замбија).

Во 2006 година го издадоа својот прв албум „Ápeiron” со музика составена од Јорк, Дуарте, Броувер, Лорен, Милетиќ, Рак и Белинати. Во 2010 година, квартетот учествуваше во изработката на ЦД “Playing Marcos Vinicius”, издадена од Сонитус. Нивните концертни снимки се емитувани од различни радио станици, како Раи 3 (Италија), Радио Белград (Србија) и Чешкото национално радио.

За нивниот настап на „Охридско лето“ е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]