Вечер премиера на „Вујко Вања“ во Струмичкиот театар

vujko-vanja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица вечер премиерно ќе се одигра претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов.

Според режисерот, парадоксалното и еретично откритие во оваа пиеса е дека совеста со истата суровост суди и за нестореното, за неслученото, за докрај нереализираната индивидуалност.


-Кај Чехов нема примирување пред гаснењето на божествената искра во човекот, туку некакво садистично-манијакално џарење во сопствениот пораз, отстапување- малодушие. Во тој гест на постојано бдеење над сопствената егзистенција е сета драматургија на Чехов, следствено и на нашата претстава. Таа е замислена како призив кон едно поодговорно живеење бидејќи низ призмата на Чехов животот секогаш е дар божји, па колку тоа и да звучи како клише, најверојатно, нема реприза, напиша режисерот Ангелов.

Улогите во претставата ги толкуваат Кољо Черкезов, Васка Ангелова, Анкица Бенинова, Оливера Аризанова-Мансбард, Васил Михаил, Стојкан Велков Трн, Коста Ангов и Тинка Ристеска.

Сценографијата и плакатот се на Никола Пијанманов, музиката на Ставро Ангелаков, а костимите на Ванчо Василев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK