Вечер посветена на творештвото на учесниците на ПРО-ЗА Балкан

pro-za-balkan

Со читање извадоци од делата на годинашните учесници, вечер, во Даут Пашин амам, во Скопје, ќе биде затворен 10. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан.

Според програмата, пред публиката ќе се претстават книжевниците Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац, Томислав Османили и Пијан Славеј.

На последниот, трет ден на фестивалот во сеќавање на Луан Старова, од Дита Старова ќе биде прочитан и извадок од негово дело.

Видео обраќање пред публиката ќе има и годинашата добитничка на наградата „Прозарт“, македонската писателка Оливера Николова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
February 2023
MTWTFSS
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728