Вечер на современи македонски и бугарски поетеси во КИЦ на Македонија во Софија


 – Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде промовирана книгата „Создавање“ од Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амабасадор во Бугарија.


 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во рамки на 13-та Македонска книжевна визита ќе биде врачена наградата „Македонски книжевен Дедал“.

Ќе се одржи и вечер на современи македонски и бугарски поетеси меѓу кои се Надја Попова, Сузана В. Спасовска, Роза Бојанова, Наташа Сарџовска, Ангела Димчева, Сузана Мицева, Наталија Недјалкова, Ана Стојановска, Поли Муканова, Ива Дамјановски, Емилија Авгинова, Билијана Стојановска, Виолета Христова и Маја Панајотова.

Според најавата, утре ќе биде организирана посета на куќата-музеј на Пејо Јаворов во Софија.