Вчеравечер City Radio испрати позитивна енергија од Зелената градина на кровот од ГТЦ заедно со 5-тте диџеи


Вчеравечер во Зелената Градина на ГТЦ, диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби и диџеј Фици во организација на City Радио и под покровителство на Градскиот Трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб, направија вистинска журка.

Обожавателите на добра музика ја следеа забавата во живо на YouTube каналот на  City Radio или директно на радио фреквенцијата 94,7 ФМ. City Radio вршеше и пренос во живо преку своите Instagram и Facebook профили, каде што на журката се приклучуваа многу следбеници и уживаа во различните битови на музика.

Забавата под мото „Се собравме за вас“ траеше од 20:00 до 23:00 часот, а судејќи според коментарите на оние кои што ја следеа, овој проект се реализираше одлично.

Диџеите и организаторите испратија позитивна енергија до сите слушатели на уникатен и посебен начин.

Според нив карантинот и корона вирусот не смеат да ни ја одземат забавата, а со лошото треба да се бориме со добро!

 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]