– Во рамките на 21. издание на Меѓународниот фестивал „Актерот на Европа – 2023”, синоќа во амбиентот на Сарајот во Ресен, младите актери од ресенската гимназија надвор од официјална конкуренција ја изведоа драмската претстава „Бунда”, по текст на охридскиот автор Миле Волканоски.
Настапија Сара Најдовска, Иван Китевски, Стефан Трајановски, Стефан Стојчевски, Петар Крстиновски, Илина Карапанчевска, Ана Питроповска, Сандра Цаловска, Илина Наумовска, Ангела Костовска, Александар Радевски, Марко Угриновски, Филип Костовски.
Подоцна истата вечер актерите Јована Брновиќ, Милош Кашчелан, Леонида Гулевска, Никола Петровиќ, Бранко Михалјловски и Тодор Стојковски кои се дел од Меѓународен театарски проект на Академија „Балканика Еуропеана“ под покровителство на УНЕСКО: „Балканска уметничка младинска мрежа на мобилност“, ја изведоа претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.
Станува збор за пиеса во режија на Дамјан Димовски.
Фестивалот трае до 11 јули, додека вечер настапуваат актери од Германија, со пиесата „Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“, по концепт, игра и режија на Кане Кампман и Брајан Мајклс, а во продукција на градот Келн.
Фото/ „Актерот на Европа – 2023”