Три дена модерна танцова култура во Охрид со шестото издание на „Битрикс танцовата лига“



Три дена модерна танцова култура во Охрид со шестото издание на „Битрикс танцовата лига“ - МИА

Охрид, 15 септември 2020 () – Викендов во Охрид ќе се одржува шестото издание на фестивалот на урбани танци „Битрикс танцова лига”. Три дена, од 18 до 20 септември на сцената „Долни Сарај“ ќе можат да се видат интересни активности од современиот танц, меѓу кои танцови работилници од над 30 домашни и интернационални кореографи, како и вечерни настани отворени за пошироката јавност кои ќе изобилуваат со интересни содржини.

Настанот е во организација на „Битрикс Културен Центар“, поддржан од Европската делегација, „Europe House Skopje“ и Министерството за култура.

Покрај дневните танцови работилници предвидени се три настани отворени за целата публика и тоа проекција на документарен филм за хип-хоп културата кај нас, со интервјуа на домашни хип-хоп артисти, потоа „All Styles Batlle” – соочување на танчарите и демонстрација на нивните способности, како и претставување повеќе млади кореографи со свои кореографски парчиња, како и неколку перформанси на тимови од целата земја.

Битрикс танцова лига е единствениот фестивал и камп од тој вид во земјата и е еден од најголемите кампови на Балканот. аб/


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

1 Trackback / Pingback

  1. Три дена модерна танцова култура во Охрид со шестото издание на „Битрикс танцовата лига“ – ИНСАЈДЕР.мк

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*