Традиционалната кулутрна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридско Велгошти


Во охридското село Велгошти вечерва традиционално ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, како одбележување на годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач.

Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид. Беседа за ликот и делото на Живко Чинго ќе одржи академик Ала Генадјевна Шешкен, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.

Централниот дел од манифестацијата по правило е посветен на добитникот на годинашната награда за најдобар расказ што секоја година Општина Охрид ја доделува во чест на Живко Чинго.

Оваа година наградата ќе и биде врачена на Драгана Лукан Николоски, чиј расказ насловен „Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои“ беше прогласен за најдобар од страна на Стручното жири во конкуренција од 41 пристигнат труд на конкурсот.

Драгана Лукан Николоски е автор на повеќе драми и сценарија, меѓу кои се „Балканизација“„, Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“, „Треперење помеѓу две подадени дланки“, „Сè ќе биде добро“ и други.

Инаку, Живко Чинго е роден на 13 август 1935 во селото Велгошти кај Охрид. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник во Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Чинго се упокои на 11 август 1987 година.

Манифестацијата почнува во 20:00 часот во атарот на црквата „Света Петка“ во родното село на Чинго.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]