Свечен час – средба на генерации по повод 75 години од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици



– Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазиции на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска со свечен час – средба на генерации ќе одбележи 75 години од основањето.


 

По повод годишнината ќе се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, а поздравни обраќања ќе имаат и проф. д-р Искра Пановска-Димковa, раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

На настанот ќе биде претставена и брошурата „Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици: 1946 – 2021“.

– Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици има основоположничка улога во создавањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а нејзин основач и прв раководител е великанот на македонската наука за јазикот – професорот Блаже Конески, во чија чест и Филолошкиот факултет денес го носи неговото име. Таа е средиштето за проучување и негување на македонскиот јазик, соопшти Филолошкиот факултет.