„Стимулирајтe ги вашите сетила“ изложба на Елита Алити во Кичево


Во ликовната галерија од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, утре со почеток во 17 часот, ќе се одржи изложба посветена на слепите лица насловена „Стимулирајте ги вашите сетила“. Ова е првпат во храмот на културата во Кичево да биде одржана ваков вид на изложба, на која сликите мирисаат, ѕвонат и се препознаваат на допир.


 

-Ако има нешто што не можеме да го замислиме и да го загубиме, тоа се нашите сетила кои се неразделно присутни во нашите животи. Но, ние ретко, речиси никогаш, не размислуваме како за нешто за што треба да бидеме благодарни. Делата од утрешната изложба треба да се слушнат, допрат и мирисаат, така што присутниот ги буди своите сетила повеќе од кога било порано, истакна авторката на изложбата Елита Алити .

Авторката Алити е родена во Куманово во 1995 година, каде завршила основно  и средно образование. Дипломирала на факултетот за ликовна уметност во 2018 година во класата на професор Јован Шумкоски.