„Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје.

Сликарот Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. Во 1963 година завршил Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.


Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија „Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.

Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во земјава(Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во земјава, Бугарија и во Турција.

На изложбата „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе бидат изложени над 60 цртежи со мотиви од нашите села.

Изложбата ќе биде отворена до 25 јули годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK