Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало




Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик, е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.


Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*