Со пет награди, претставата „My name is Medeja“ е најдобра на годинашниов театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

my-name-is-medeja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава  на годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 9 до 16 јуни се одржуваше во Прилеп.

Оваа претстава освои вкупно пет награди меѓу кои и за најдобра режија, за режисерот Себастијан Хорват и за главна женска улога за Илина Чоревска, за улогата Медеја во претставата.


Дамјан Цветановски од претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар од Скопје ја доби наградата за најдобра главна машка улога.

Годинашново жири што одлучуваше за наградите на фестивалот е во состав: Јанко Љумовиќ, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радолиќ.

На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер од 20 часот свечено ќе бидат доделени наградите, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Последниот балкански вампир“ ,со која гостува Српско народно позориште од Нови Сад. Со ова ќе биде затворен годинашниов 57 МТФ „Војдан Чернодрински“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK