„Синиот портокал“ на велешкиот театар доби награда за „Најдобра претстава од публиката“ на фестивалот „Актерот на Европа 2022“


Претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар „Ј.Х.К Џинот“ од Велес беше извонредно примена од страна на публиката и ја понесе наградатата „Најдобра претстава од публиката“  на синоќа завршениот 20. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

 

 

Во претставата играат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски, а режијата е на Александар Ивановски, според делото на Џо Пенхол, информираат од велешкиот театар.

Овој фестивал се одржува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија.

Инаку претставата „Синиот портокал“ премиено беше изведена на 12 април 2017 година и е една од најизведуваните претстави на сцената на велешкиот театар, воедно гостувала и на други тетарски сцени и фестивали во земјава каде исто така била и  наградувана, а гостувала и во Загреб, Хрватска.

Актерот во оваа претстава Фаик Мефаилоски пред неколку години ја има добиено и наградата за најдобар актер  на Македонското културно лето во Албанија