Синдикатот на културата најавува штрајк на 16 декември ако во најкус можен рок не се потпише колективен договор


Советот на Синдикатот на култура во Република Македонија (СКРМ) најавува штрајк од 16. следниот месец доколку, како што соопшти денеска, во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и тој не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 1 јануари следната година.

Од Советот на Синдикатот информираат дека причина за активирање на штрајкот  е заради ненадејното и за нив неоправдано прекинување на работата на работната група за изготвување на предлог колективен договор.

– Последниве 10 дена работната група за колективен договор во Министерството за култура не е активна, односно работата е неосновано прекината од страна на Министерството. Како Синдикат кој директно е вклучен во преговорите, изминатите денови се обидувавме да ги дознаеме причините за ваквиот застој во работата, особено во време кога требаше да се финализира предлог колективниот договор и да се пушти на јавна расправа. Испративме неколку дописи со барање за продолжување на работата до повеќе официјални лица, но сè уште немаме никаков одговор од кабинетот на министерот Хусни Исмаили или неговиот заменик Владимир Лазовски, стои во соопштението.

Од Синдикатот бараат Министерството за култура јавно да одговори зошто е прекината работата на работната група за колективниот договор, зоштои покрај сите апели не се активира и дали е сè уште на ставот за потпишување колективен договор со спроведување од 1 јануари следната година.

– Да потсетиме, вработените во културата не бараат покачување, туку уредување на платите и правична валоризција на трудот по основ на Колективен договор кој Министерството, а со тоа и државата, им го должи цели 15 години. Не сакаме да веруваме дека ваквиот „традиционален“ однос на Министерството е тактизирање со цел продолжување на оваа агонија уште една година или како што покажува праксата, можеби уште една деценија. Ги повикуваме сите одговорни лица во Министерството за култура, на чело со министерот и неговиот заменик да се фокусираат со сите капацитети за итно решавање на проблемот и да не помислуваат да се запишат во редот на личности од неуспешната историја на Министерството кои проблемите ги „туркаат под тепих“, затоа што овој пат вработените стојат цврсто на барањата за остварување на своите „згазени“ права и ќе ги искористат сите можни форми на социјална борба, стои во соопштението.

Синдикатот на културата одржа протестен марш на 8 октомври годинава со барање да се потпише колективен договор.


Вести

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО

– СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој […]

Вести

Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

– Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент […]

Вести

Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

– Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот. Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот. Трамп ќе […]