Шеснаесет претстави и пет придружни настани на 44. Млад отворен театар


Со победникот на Прашкото квадриенале – перформансот „Оваа зграда (на)вистина зборува“ на уметникот Филип Јовановски, в петок од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе почне 44-тиот фестивал „Млад отворен театар“. До 21 септември ќе има 21 настан – покрај 16-те претстави, на програмата се и два концерта и по една работилница промоција на книга и предавање со дискусија.

Перформансот за отворање ќе биде бесплатен за посетители, но од организациски причини билетите треба однапред да се подигнмат. Ќе има и уште две репризни изведби во МКЦ – на 15 септември од 12 часот и на16-ти од 18 часот. Првата фестивалска вечер на малата сцена во Националната опера и балет е и македонско-словенечката драма-опера „Девојчето со жиците“ во режија на Марјан Неќак.

В сабота во МКЦ од 11 часот ќе гостува Словенско младинско гледалише со десет и полчасовната претстава „Сè уште без наслов“ – нов проект на Томи Јанежич. Директорот на МКЦ Русе Арсов на прес-конференција денеска рече дека влезниците за оваа претстава се веќе распродадени.

На 16 септември во МКЦ ќе гостува италијанската претстава „Човековиот срам“ во која учествува и македонската актерка Симона Спироска, а премиерно беше изведена во март во Матера кој годинава ја носи тиулата „Европска престолнина на културата“. Од Хрватска гостуваат две претстави – на  17 септември  ќе биде изведена „Младина без бог“  на режисерот Борут Шепаровиќ во изведба на ЗКМ и „Монтажстрој“, и на 18 септември – „Сè е во парите“ на Борис Бакал. Оваа претстав ќе биде изведена во Железничката зграда во Буњаковец, која ќе се промовира како нова сцена на фестивалот.

Гостински претстави има и од Романија – „Момчињата на Медеја“ (18 септември), Португалија  – „Привремени фигури“  (19 септември) и од Грција – претставата „Чист трад“ со која 44. МОТ ќе заврши на 21 септември.

На фестивалската програма годинава се и седум претстави од домашната продукција: „Три сестри“ на режисерот Васил Христов и Турски театар-Скопје (15 септември); „Бакхи“ на Битолски театар во режија на Игор Вук Торбица (17 септември); „Арапска ноќ“ на Прилепски театар во режија на Зоја Бузалковска и настап во живо на „Фолтин“  (18 септември); два перформанса на „Локомотива“ – „Дримстејт“ и „Мунлајт“ (15 септември); скопска премиера на „Несоодветно за на работа“ на Драмски театар-Скопје во режија на Доналд Мофет, која по премиерата на „Охридско лето“ на 20 септември ќе се игра на матичната сцена на ДТС. Меѓу домашните претстави е и „Злосторство на 21 век“ во режија на Владимир Милчин. На 19 септември таа ќе се игра во театарот „Џинот“ во Велес, а МОТ обезбедува превоз за посетителите што ќе купат влезница.

На МОТ годинава ќе има и промоција на книгата „Анамнезис – дијалози за уметноста во јавен простор“ , работилница „Orbis Pictus – Оди и види“ и предавање на Мајк ван Гран, како и концерти на „Шумски“ од Хрватска и на британскиот состав „The Tiger Lillies“.

Новото издание на МОТ го поздрави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој на прес-конференцијата на која беше соопштена програмата рече дека Град Скопје во него препознава фундаментална манифестација и поради тоа годинава ја зголемил поддршката на 3 милиони денари.

– МОТ е повторно тука и повторно ќе ги испрати пораките како што умее само алтернативната уметност. Претставите и учеството на осум држави на разни сцени ќе ја продолжат 44-годишната традиција на најголемиот театарски фестивал во нашата држава, истакна скопскиот градоначалник повикувајќи ги скопјани масовно да ги посетат претставите.

Организатор на „Млад отворен таетар“ е Младинскиот културен центар – институција под капата на Град Скопје за која веќе е поминат рокот за назначување директор. За функцијата има две кандидатури, покрај на актуелниот Русе Арсов, кандидат е и музичарот Бени Шаќири.

-Кога ќе имаме информација што може да биде споделена со јавноста, ќе ја споделиме на време, рече Шилегов.

Инаку, за нова в.д. директорка на Драмски театар-Скопје е назначена актерката Катерина Коцевска по разрешувањето на претходната – Викторија Рангелова-Петровска. 

Вести

Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април […]

Вести

Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот […]

Вести

Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски

Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за […]