Се снимаат песните за десетто издание на детскиот фестивал „Ластарчиња“

lastarcinja_353453445
Facebook
Twitter
LinkedIn

– Подготовките за јубилејното десетто издание на детскиот фестивал „Ластарчиња 2023“ се во полн ек, информираше денеска уметничката директорка на фестивалот Стефка Саздовска.




– Дел од детските песнички се веќе снимени. Балетските групи со песна и игра се подготвуваат за сценскиот настап. Најавуваме 12 нови солисти. Нив сценски ќе ги надополнуваат фестивалскиот хор, балетската група ,,Ластарчиња” составена од 42 изведувачи и 30 членови од балетската група ,,Старс”, соопшти Саздовска.

Таа појасни дека името на фестивалот е симболично и потекнува од долгата лозарска традиција во Тиквешијата, како најголем лозарски регион во државата.

Саздовска нагласи дека солистите на фестивалот редовно освојуваат награди на манифестации во земјава и странство, а голем дел од нив подоцна продолжуваат да се занимаваат со музика и стануваат познати имиња на музичката сцена.

Јубилејното издание на фестивалот ќе се одржи во месец мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: