Самостојна изложба „ШкрабАрт“ на Гоце Божурски во Тетово


„ШкрабАрт“ е насловена самостојната изложба на Гоце Божурски со која се претставува пред публиката во Тетово. Четириесетина сликарски дела на авторот се изложени од вечерва во Уметничката Галерија во Тетово. Делата ќе може да се погледнат во текот на оваа недела.

Сите слики се поставени и во пригодна брошура која посетилите имаа можност да ја добијат, а воедно да ги прочитаат големиот број поговорни реченици за делата на Божурски.

– Мина Палаи (од Пиза, Италија) за Божурски вели дека е уметник од висок ранг кој тешко може да се класифицира во рамките на вообичаените шеми, а Владимир Величковски ја одбележува „поетиката на просторот“, додека познатиот ликовен критичар Никола Кусовац (од Белград) смета дека делата се стилски беспрекорно вообликувана целина на еден вид „носталгичен реализам“.
Според Петар Петровиќ (критичар од Белград) по определба Божурски е реалист, згора на тоа и изразит натуралист, но во позадината на сето тоа се крие чувствителна природа на интимист, а Војислав Вујановиќ (критичар од Сараево) вели дека изведбата на делата импресионира, но оформената минуциозност треба да се набљудува во функција на нагласување на духовно/исконскиот аспект, се наведува во брошурата.

Главниот рецензент Миџаит Положани истакнува дека Божурски е култивиран уметник и поетичен лирист чиј ликовен јазик истовремено е хиперреалистичен, асоцијативен, апстрактен и концептуалистички. За Ефтим Клетников уметноста на Божурски е толку многу „лирска“ и есенцијалистичка, апсолутно блиска до поезијата, а за Љубен Пауновски деликатноста на мајсторијата лежи во привидот на едоставноста.

Божурски е роден 1958 година во Куамново, а дипломирал историја на уметност во Скопје во 1984. Од 1983 има настапувано на 40-тина изложби и е добитник на десетина награди.


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]