Прва награда за Марија Никодиноска на „Литератопатија 2022“


Младата и талентирана прозаистка и поетеса од Кичево, Марија Никодиноска, ја освои првата награда на вториот меѓународен литературен фестивал „Литератопатија-2022“ со темата Сонетен венец и Магистрал со акростих.


 

-Можам со задоволство да ви соопштам дека во своето прво учество на вториот меѓународен фестивал „Литератопатија-2022“ со тема Сонетен венец и Магистрал со акростих , ја освоив првата награда на конкурсот што беше објавен кон средината на месец јануари, а штотуку беа соопштени резултатите од овој конкурс, истакна носителката на првата награда Никодиноска, која нагласи дека досега има учествувано на голем број литературни манифестации и конкурси, била рецензент и промотор на неколку романи,у чествувала во заеднички збирки алманаси и антологии.

Никодиноска е  автор е и на две книжевни дела, од кои првото „Огнени воздишки“ од печат излезе пред три години, а деновиве се очекува светлината на денот да ја види и нејзиното второ дело „На крајот на патот“.

Таа е членка и еден од основачите на литературниот клуб„ Китка“ од Кичево.