Промовиран музејски водич „Минато на дланка“


Водич на музејската поставка „Минато на дланка“ низ креативна работилница со ученици од основните училишта и од Државното училиште за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје беше промовиран вчера во рамки на музејската недела во НУ Музејот на македонската борба, соопштуваат од Музејот.

Работилницата беше реализирана во соработка со студентите од Филозофскиот факултет од Скопје, од отсекот Специјална едукација и рехабилитација.

Музејскиот водич, се наведува во соопштението, е изработен во печатена форма, на Брајово писмо и во аудио формат, креирајќи инклузивен концепт на доживување на музејот за различни групи посетители. Во рамки на проектот изработени се и тактилни историски мапи и ознаки за движење низ музејската поставка.

Промоцијата на водичот е завршна активност на Проектот за подобрување на пристапноста на слепите и слабовидни лица на Музејот на македонската борба, поддржан од Балканската музејска мрежа, финансирана од страна на фондацијата Ставрос Ниаркос, преку имплементација на Фондацијата Културно наследство без граници на БИХ. Проектот е имплементиран во соработка со Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов – Скопје и Националниот сојуз на слепи.

Изработката и адаптацијата на материјалите на Брајово писмо ја помогна Проектот за деца со пречки во видот (УСАИД, Лајонс Македонија, Универзитет на Југоисточна Европа), се наведува во соопштението од Музејот.

Вести

Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески

Тимот на Специјалното јавно обвинителство е разрешен и обвинителите се враќаат во матичните основни јавни обвинителства, нивните предмети сега ја чекаат одлуката на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители вчера донесе одлука […]

Вести

Опозицијата предлага четири сценарија за избор нов јавен обвинител за организиран криминал и корупција

Истото обвинителство, со нов обвинител за организиран криминал и корупција кој може да е и професор, е одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до владиниот тим за предлогот за законот за Јавно обвинителство. Опозицијата смета дека треба само […]

Вести

Им престана мандатот на помошниците на Јанева, ќе бидат распределни во ОЈО од кои дошле

Советот на јавни обвинители денеска на вонредната седница, која беше продолжение на таа од саботата на која се одлучуваше за разрешувањето на Катица Јанева, донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно […]