Промоцијата на книгата „Византија и Русија од појавата на Русите до смртта на кнезот Владимир“


Поетски награден конкурс по повод ослободувањето на Берово - МИА

– Рускиот центар при УКИМ денеска ќе ја промовира книгата „Византија и Русија од појавата на Русите до смртта на кнезот Владимир“ од Иле Велков.


 

Промоцијата ќе се одржи во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје, а промотор на изданието ќе биде проф. д-р Александар Атанасовски.

Книгата, како што информираат од Рускиот центар, е резултат на повеќегодишното проучување на изворите и на научната литература и во неа е опфатена целокупната историја на односите меѓу двете земји, Византија и Киевска Русија, како и крајниот резултат од нив, а тоа е христијанизацијата на Киевска Русија.

-Целта на оваа книга е преку проучување на изворите и историографската литература и врз база на нив да дојде до нови сознанија и да се обиде да реши некои од прашањата кои се провлекуваат во истата. Исто така, нејзина цел е да им послужи, пред сè на студентите по историја, но и на сите љубители на пишаниот збор, кои сакаат да дознаат нешто повеќе за минатото на Византија и Русија, но и на Балканот и на Македонија, наведуваат организаторите на настанот.

Книгата е поддржана и финансирана од Министерството за култура на Македонија како проект од национален интерес за културата за 2021 година, а издавач е ЈОУ библиотека „Искра“ од Кочани.

Настанот е од отворен тип и ќе се одржи во согласност со протоколите за заштита од КОВИД-19.