„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева


„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева - МИА

Скопје, 4 јуни 2020 () – Во паркот пред Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.

Оља Петрушевска Томева, дипломиран правник и магистар по европско право и интеграции. „Волшебната авантура“, раскази за деца е прва литературна обајава на Оља Петрушевска Томева. Книгата ја сочинуваат два расказа, едниот насловен „Волшебната авантура“ како што е и насловот на книгата, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“.

„Одмаздата на богомолката“, пак, е роман за возрасни во кој авторката преку светот на илузијата раскажува за болката и љубовта.

Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водител ќе биде Елена Максимовска, а предвидена е и драмска игра на Марко и Филип Томеви.

Промоцијата ќе биде пренесувана на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје.


Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август - МИА
Вести

Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август

Скопје, 6 јули 2020 () – Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител. – Заради интерес на медиумите и невладините организации […]

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]