Промоција на скулптура на куче во природна големина на Лида Шерафатманд

skulptura kuce
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународната уметница Лида Шерафатманд утре во Струга ќе ја промовира статуата на куче изработена од цемент во природна големина.


Скулптурата, како што информира за МИА, е со големина 120 на 60 центиметри и тешка 130 килограми. Публиката ќе може да ја види утревечер од 20 часот во мезебарот „Кингстон“.

Приказната, раскажува Лида, произлегла од лојалноста на едно улично кучето, кое во доцните ноќни часови ја придружувало до нејзиниот дом.

– Ова куче е многу нежно и преживеало многу локални предизвици изминатите пет-шест години. Тоа ме придружуваше до дома неколку пати во ноќите кога се плашев да одам сама дома. Добро се однесува со луѓето и стана дел од заедницата. Затоа одлучив да му оддадам признание со изработката на оваа статуа во природна големина, вели Шарафатманд за МИА.

Лида Шерафатманд е меѓународен уметник од Малта, која четири години слика и живее во Струга. Нејзините уметнички дела се прикажувани на повеќе меѓународни изложби, а некои се дел и од корици на книги од универзитетот „Кембриџ“. Издадени се и две официјални поштенски марки во Кина и Лихтејнштајн со слики создадени во Струга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK