Промоција на книгата „Песните се нивни незаборав“


Промоција на книгата „Песните се нивни незаборав“ - МИА

Скопје, 16 јули 2020 () – Во рамки на „Скопско лето“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Песните се нивни незаборав“ – монографски труд посветен на 24 починати пејачи чии што песни и изведби имаат трајни вредности. Автори на делото се Кирил Тодевски – етномузиколог и повеќегодишен урредник на Редакцијата за народна музука на Македонското радио  и Марија Велковска – уредник во Музичката програма на Македонското радио.

Како што соопшти организаторот на „Скопско лето“ – Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДУКС), книгата е посветена на песнопојците:  Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Мирвет Беловска, Благој Петров-Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафироски-Зафиро, Вања Лазарова-Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова-Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадиновска, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов.

– Зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство, со кои за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз. Со своите песни за себе испишаа незаборав, а на повиканите од сферата на Фолклористиката, односно Етномузикиологијата останува нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози, соопшти ДУКС.

Согласно со објавените протоколи, бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура
одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција.


Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

1 Comment

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*