Промоција на книга за историско-етнографски аспекти за заедницата на балканските Еѓипќани од Рубин Земон


Промоција на книга за историско-етнографски аспекти за заедницата на балканските Еѓипќани од Рубин Земон - МИА

Скопје, 1 август 2020 () – Студијата насловена „Балканскиот етнички феникс (Историскоетнографски аспекти за заедницата на балканските Еѓипќани)“ од д-р Рубин Земон, ќе биде промовирана вечер во 20 часот, на просторот на Лапидариумот при Музеј и завод од Охрид (Куќа на Робевци).

За книгата, која е во издание на издавачката куќа „Авант прес”, ќе говорат проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов, кои се и рецензенти.

Според Тоновски, трудот е едно од ретките четива со кои во македонската социјална мисла сериозно и интегрално се актуелизира, истражува и се продлабочува знаењето за етничката структура на македонското општество.

-Трудот, не само што ќе ги збогати нашите сознанија за оваа проблематика, туку може да
послужи и како провокација за нови истражувања и на евентуални други делови од недоволно
истражената етничка структура на балканските општества, вклучувајќи го и македонското, вели Тоновски.

За проф. д-р Зоранчо Малинов, научната мисла не само во нашата држава, туку и пошироко ќе биде запознаена со оваа заедница која за многумина претставува извесна енигма. – Имено, децениските напори на авторот за поширока афирмација на заедницата на балканските Египќани на којашто и самиот припаѓа очигледно вродуваат со плод, а најдобар доказ за сето тоа се и официјалните признанија на реалноста во врска со оваа заедница што доаѓаат од разните балкански држави (Албанија, Србија, Македонија, Косово) на полето на општествено – политичкиот живот, вели Малинов.

Рубин Земон е етнолог, односно социо-културален антрополог. Докторирал на Етнографскиот
институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005
година. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро -Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.

На повеќе наврати е ангажиран како експеконсултант од страна Советот на Европа, како и
ОБСЕ/ОДИХР за различни мисии, проекти и проблематики поврзани со националните малцинства
и мултикултурализмот, во разни држави на Европа, особено во земјите на Југо-источна Европа.
Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на
Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко
друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и слично.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*