Промоција на две нови книги од Марјан Анѓеловски



Промоција на двете нови книги на Марјан Анѓеловски, романот „Колку убав погреб“ и драмата „Животот е краток и нејасен“ ќе се одржи во сабота (31 октомври) во во Umbrella (ГТЦ, Скопје) со почеток од 19 часот.



Двете книги се поддржани од Министерството за култура, како проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2020 година.

„Колку убав погреб“ е роман кој зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. Ангел, на еден погреб, ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш…

„Животот е краток е најсен“ е сатирична драма, која ни ја претставува Македонија од иднината. Како Македонецот би се однесувал во една нормалана, средена и богата држава? Што е она што не враќа назад? Футристичка фарса, за едно труло општество – систем на загубени вредности, општествено уредувње водено од хомофоби и партиски лумпен активисти, систем кој го разоруваат национализам, меѓуетнички конфликти и убедувања.

Марјан Анѓеловски е автор кој пишува и настапува низ земјава и низ Балканот со хумор, сатира и театарски претстави, а работи и како сценарист во тв-емисии.

Автор е на книгите „Македонијо, off мори мајко“, „Го силувавме ежот“, како и коавтор на книгата „Три ем“. Како сценарист има работено во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“.

Добитник е повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Млади Типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Пљевља – Црна Гора (2017 год.).

Промотори на книгите ќе бидат Снежана Стојчевска и Денис Бојаров, а со свој читачки и театарски перформанс настанот ќе го збогатат актерите: Јасмин Рамани, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Елена Ѓорѓевска.

Настанот ќе биде организиран согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19.