Промоција на бугарското издание на „Ервехе“ од Луан Старова во Софија


Книгата „Ервехе“ од академик Луан Старова во превод на бугарски јазик ќе биде промовирана вечер од 18.30 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија.


 

Раскажува за мајка која го посветила животот на преживувањето на нејзините деца и семејство во бурни времиња на Балканот во 20 век, кога границите меѓу државите се менуваат и  семејства се принудени да станат емигранти за да преживеат.

Книгата на Старова е пофалба за жената и мајката и во време кога се разнишани темелите на семејството, тој пишува дека „ќе биде направено најмногу за светот ако секој го сака своето семејство“.

Луан Старова е професор по француска литература и член на МАНУ. Неговите книги се преведени на многу јазици и за нив тој добил голем број литературни награди: „Роман на годината“, „Рациново признание”, „Стале Попов“, „Жан Моне” за најдобар европски роман, „Ангелус“ за најдобар роман во Централна и Источна Европа…