Промоција на 22 романи од академик Божин Павловски


Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска денеска во Скопје ќе ја промовираат колекцијата од дваесет и два романи од академик Божин Павловски. Со овој издавачки потфат се одбележуваат два јубилеи на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво.

 

 

Романите на овој познат македонски писател се преведени на: англиски, француски, грчки, албански, италијански, руски, турски, полски, чешки, словачки, шветски, словенечки, бугарски, српски и др.

За богатиот романескнен опус на Божин Павловски и за неговата повеќедецениска општествена и културна мисија ќе говорат академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и Гоце Смилевски, наш врвен романсиер и есеист.

Академик Павловски е добитник на меѓународните признанија: Интербалканската награда за книжевност во Грција, Интернационалната награда „Екселзиор“ за унапредување на европската проза во Романија, Меѓународната награда „Арка” во Србија, како и двете признанија од времето на Југословенските Федерацијата: наградата „Железара Сисак” во Хрватска и наградата „Младост” во Србија.

Добитник е на националните награди: Рациновото признание, „Стале Попов”, „Кочо Рацин“ и „Духовен воин”.

Во 2008 година му беше доделена највисоката државна награда „11 Октомври“ за животно дело во уметноста.

За неговото творештвото се објавени бројни есеи во повеќе земји, како и пет книги со критички –есеистички толкувања.

Во исто време со овој издавачки потфат на МАНУ и Матица, Грифин Прес во Австралија на англиски јазик, во редакција на Бредли Досон, ги објави романите на Павловски во печатена верзија, додека глобалниот издавач Киндл Букс ги презеде за дигиталниот пазар.