Придобивките од технологијата и дигиталните платфотрми. 3. Форум за онлајн дистрибуција во Битола


 


 

Дистрибуција на европскиот филм онлајн и придобивките од технологијата и дигиталните платформи во време на Ковид-19 беа во фокус на третиот Форум за онлајн дистрибуција што вчера се одржа во Битола.  Претставници од повеќе филмски дистрибутерски и продуцентски компании, асоцијации, киносали и фестивали, истакнати филмски работници, и експерти од областа на технологијата дискутира за глобалните трендови и движења во дистрибуцијата на филмови и меѓусебна соработка во наредниот период во насока на изнаоѓање решенија за дистрибуција на европскиот филм.

Во денешното дигитално време онлајн дистрибуцијата (преку интернет)  станува доминантен модел на дистрибуција на аудиовизуелни содржини.   И покрај глобалната доминација и растечка популраност на Нетфликс и Амазон, и фактот дека  во нашата земја постои  онлајн стриминг  платформа која го опфаќа регионот на Југоисточна Европа (и единствена која е фокусирана на европски филмови),  спецификите на овој начин на дистрибуција се уште непознати во нашата држава – не само за пошироката публика туку и за професионалците.  Во рамките на вчерашниот ден беше дискутирана и можна идна оработка помеѓу 3Д Кино Битола и ВоД платформата Cinesquare.

Настанот се организираше согласно протоколите за заштита од вирусот ковид-19: задолжително носење заштитна маска за време на целиот настан, мерење температура при влезот во просторијата,  одржување на растојание, дезинфекција на рацете. Во Битола беа присутни претставници од земјава со оглед на рестриктивните мерки поврзани со КОВИД-19, а претставниците од странство беа вклучени онлајн.

 

Настанот „Форум за нови дистрибутивни модели – што е дигитална дистрибуција “ го организира регионалниот филмски фонд со седиште во Битола, Балкан Синема Сити (БСС)  со поддршка на Министерството за култура. Вмрежување, меѓународна соработка и дружење се главните одлуки на овој настан. Форумот е инициран пред три години како настан за зголемување на свеста за потребата за домашни дистрибутери кои, во услови на недоволно развиена дистрибуција на независни европски (и домашни филмови)  би ги искористиле новите технолoгии за унапредување на дистрибуцијата на аудиовизуелните содржини.  Воедно форумот треба да прерасне во совевидно место каде можат да се развијат идни соработки и мрежи кои би овозможиле полесна циркулација на филмовите како и размена идеја за промоција, маркетинг и монетизација.