Претставата „Немам каде да се вратам“ ја освои Гран при наградата на 60. ДАФ


Претставата „Немам каде да се вратам“ во режија на Дени Стојанов, а во изведба на театарот „Kunstwerksstatt“ од Скопје е добитник на наградата Гран при „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 60. јубилејно издание на Меѓународниот Драмски аматерски фестивал – ДАФ во Кочани.

Одлуката за наградата ја донесе жири-комисијата во состав: Борис Чоревски – актер, Несрин Таир – актерка и Катерина Соколова, сценографка.

Во образложението се наведува дека претставата го добива највисокото признание за квалитетна колективна игра со комплицирана естетика во изразувањето на сериозна светска проблематика, низ која се проткајува будење на општествена одговорност и емпатија.

Кристина Николова ја доби наградата за главна женска улога за филигранското пласирање на успешно изградениот лик на Ева во претставата „Умри машки“, во режија на Томе Атанасов од Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

За најдобра епизодна женска улога наградата отиде кај Мила Глигоровска за стабилно и конкретно субјективизирање на ликот на „Теодора Фон Кролок“ во претставата „Возможна приказна – Абракадабра“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

Најдобра епизодна машка улога за Орхан Багашов за покажаниот творечки ангажман, за потенцијалот и свежината што ја внесе во своите појави на сцена во улогата на Ѓоре Шекспир, во претставата „Живкова слава“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

Наградата за машка главна улога беше доделена на Виктор Анѓелкоски за врвното актерско мајсторство – улогата на Џош, во претставата „Бенг Бенг и Мртов си“ во изведба на Центарот за култура „АСНОМ“ од Гостивар.

Наградата за најдобра режија отиде во рацете на Александар Нешкоски за вешто обмислен концепт низ кој мајсторски се провираат интимните идеали кои се вечна проблематика на општеството за претставата „Бенг Бенг и мртов си“.

Наградата за најдобра претстава за деца ја доби аматерската претстава „Возможна приказна-Абракадабра“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

Наградата за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар беше доделена на претстават „Робоград“, во изведба на А.Т Колектив Ветерница Скопје.

И специјално признание на Зоран Никодиновски за 50 години негување на аматеризмот во Македонија.


Вести

Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени […]

Вести

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

– Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, […]

Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку […]