Премиера на детската претстава „Приказни за ветрот и месечината“ во прилепскиот театар


Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре напладне премиерно ќе ја прикаже детската претстава „Приказни за ветрот и месечината“ според басните на Езоп, Ла Фонтен и на Марко Цепенков, во режија на Кирил Петрески.

Според режисерот Петрески, пораката е голема зашто басните ги имаат карактеристиките на луѓето претставени преку животните. Побитни се во денешното време како порака за новите поколенија.

-На крајот сме од процесот на претставата за деца „Приказни за ветрот и месечината“. Подоготвувајќи се за претставата, дознавме дека низ вековите со овој вид жанр-басни се занимавале голем број писатели. Почнувајќи од Езоп, па Ла Фонтен, до Марко Цепенков кој во своето дело ги насловува како „Приказни за животни“. А денеска се создаваат нови и современи басни. Според своите форма и содржина, басните се поврзани со митовите, се заљнимаваат со теми кои допираат до човековото постоење. и до карактерите и секогаш завршуваат со некаква поука. Зборуваат за искреност, добрина, дарежливост и мудрост, но и за лакомост, скржавост и гордост. Во басните, често, послабиот го победува посилниот, мудроста и чесноста ги победуваат глушавоста и насилството. Овие карактеристики им биле битни на луѓето, но сега, во ова денешно време, уште повеќе од кои треба да учиме и да ги потсетуваме нашите потомци, вели тој.

Надица Ѓеорѓијоска, млада актерка, нагласува дека искуството во детските претстави е непроценливо.

-Ова е втора моја претстава за деца, но, повторно е ново и големо искуство. Басните се приказни со одредени карактери на луѓето преку животните. Го толкувам ликот на девојчето Маљ кое најчесто се лути, недопирлива и на моменти е себична. При дружењето со животните, драстично го променува карактерот во друштвена, расположена и која знае да го вреднува другарството.

Сценографот и костимограф Александар Џинго смета дека имаат современ пристап близок до восприемањето на детските очи.

-Пристапот е современ при дизајнирањето на костимографијата и на сценографијата за да се постигне современо ликовно решение кое во спој со актерскта игра да дејствува како добро решена слика. Костимите се стилизација на реалната форма на живоптните за да биде поблиску до восприемањето на детските очи, вели Џинго.

Во претставата играат: наташа Ачански, Александар Тодески, Јасмина Мицоска Станкоска, Катарина Чакмакоска Клинческа, Михајло Миленкоски и Надица Ѓорѓијоска. Музиката е на Томе Темелкоски.

Ова е претпоследна претстава во прилепскиот театар за оваа година.


Вести

Германија инсистира на одржување на меѓувладината конференција до крајот на годинава, Бугарија останува на ставот за преговарачката рамка

– Германија повторно потенцира дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија […]

Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

Ребалансот на Буџетот од денеска на пленарна седница

– Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој содржи амандмани од комисиската расправа, од денеска е на пленарна седница. Според предложениот дневен ред е прва точка […]

Вести

Рекордни 870 случаи на Ковид-19 и нови мерки, задолжителна маска и забрана за групирање на отворено

– Нови рекордни 870 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска […]